Тренд кој никогаш не „умира“ е дефинитивно удобноста! А како ќе го постигнете тоа, прочитајте во текстот подолу:
2022 година донесе нови трендови во опремувањето на просторот. Главната цел е да се збогати просторот и да се направи удобен. Покрај светлите нијанси и боите на ѕидовите и мебелот, се препорачуваат големи прозорци, многу светлина и цвеќиња – што повеќе зеленило!
Минимализмот е она што се цени и на што се посветува посебно внимание. Сите експерти од областа на декорацијата нè советуваат едно: да се ослободиме од вишокот работи. Едноставно споделете ги, продадете или фрлете ги. Колку помалку работи – толку е почиста главата!
Ви пренесуваме неколку погледи на совршено удобни простори за живеење, можеби ќе најдете инспирација за уредување на вашиот дом!
Нашиот совет е да не ги следите трендовите слепо, туку да го земете за себе само она што ви одговара и што одговара на вашата личност. Ако земете малку од сè, ќе создадете совршено удобен дом за себе!




