Екипата на ТВ21 и во оваа измината 2019 година известуваше за сите поважни настани. Секогаш се вклучувавме во живо кога имаше потреба, пишувавме апели за помош на самохрани мајки, за деца, за катастрофи, за изјави на политичкиот врв…
Ова се петте најчитани текстови за изминатата 2019 година на интернет страница на ТВ21 на македонски јазик. Барањето помош за 7-месечно бебе, земјотресот во Албанија, изјава на Заев… Се меѓу топ 5 најчитани текстови по следниот редослед:
Ова беше најчитаниот текст за изминатата 2019 година. За жал, малиот Амин живее без храна, одгледуван од самохрана мајка. Меѓутоа оваа земја има хумани луѓе, па многумина од нив се јавија да помогнат на мајката Севдие. Овој прилог беше дел од серијалот „И јас сум тука“ кој го емитува ТВ21.
Веста за тешката сообраќајна незгода на скопска Обиколница, е втора најчитана вест. Се појави видео веднаш по сообраќајката, во која камион удри во полициско возило, при што најпрво загина еден полицаец, а потоа уште едно лице.
3. ВИДЕО: Колона долга километри – помошта од Македонија тргна за Албанија
За жал, земјотрес со катастрофални последици ја погоди Албанија. Македонија испрати своја помош, а колоната од камиони и возила беше долга. Тоа е третиот најчитан текст годинава.
4. Точно на полноќ нов силен земјотрес во Албанија
После оној катастрофален земјотрес во Драч, во следните денови имаше уште неколку од посилен карактер. Еден од нив за кој известувавме, беше четврта најчитана вест годинава.
5. Заев: „Европа е најсекси девојка во Светот“
Изјавата на премиерот „Европа е најсекси девојка во Светот“ која предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, беше една од најчитаните вести. Поточно на нашата страница под реден број 5.
Се надеваме дека годинава го привлековме вашето внимание. Секогаш сме тука за вас читателите да ви понудиме најнови информации. Следете не и во Новата 2020 година, се надеваме само со убави вести.
Beyond any border!