Ова се неколку предрасуди за насилството врз жените – стереотипите мора да се победат

„Сама го бирала“, „Сама е крива“, „Тоа е нејзина работа“, „Зошто не го остави“, „Тоа не е моја работа, нека прават што сакаат“, се само дел од помислата на немите посматрачи на насилство.

Гледаат, но не пријавуваат. Сметаат дека тоа не е нивна работа, а всушност е. Насилството врз жените е проблем на сите, и на секого може да му се случи.

Додека се замижува на насилството, луѓето обично жртвата ја осудуваат. За профилот на самиот насилник и како да му се застане на патот – ретко и кој мисли.

Еве кои се тие предрасуди:

  • Насилството е приватна работа, нешто што се случува меѓу 4 ѕида. Никој нема право да се меша во туѓите семејни односи

Насилството во семејството е од средина на 70-тите години, кога е промовиран слоганот „Лично е политичко“, кој станал социјален проблем. И тоа, пред се, благодарение на упорноста на една женска група. Од тогаш до денес донесени се многу закони, одлуки и стратегии на различни нивоа во борбата против насилството над жените. Значи, не само што имаме право, туку имаме и обврска да се вмешаме во ситуација во која се некој трпи насилство.

  • Секое насилство е исто. Сите лица подеднакво се насилни, и мажи и жени – нема потреба да одвојуваме различни видови на насилство

Статистиката покажува дека мажите во однос на жените се значително бројни меѓу насилниците. Во повеќе од 95 отсто случаи од насилството, тие се применети кон жените. Истражувањата покажуваат дека секоја трета жена во текот на својот живот доживува некој облик на физичко, а секоја втора друг облик на насилство.

  • Сама е крива за насилството, таа го предизвикала

За секој насилен чин одговорен е, само и секогаш, тој кој го прави насилството.

  • Некои жени се однесуваат мазохистички и бираат насилни мажи

Жените не бираат насилни партнери никогаш, дури и кога ќе завршат со нив. Уште помалку ги бараат, и уште помалку сакаат насилство.

  • Физичкиот напад е изолиран случај и најчесто нема да се повтори.

За жал, најчесто се повторува. Физичкото насилство не е изолиран, туку редовен акт на контрола и моќ во партнерските односи.

  • Мажите кои ги малтретираат своите жени се алкохоличари.

Можат да бидат, но тоа не е правило. Алкохолот не е предуслов за насилство.

  • Мажите кои малтретираат жени имаат ментални проблеми.

Како и претходно, можат да имаат, но менталните проблеми не се предуслов, ниту пак причина за насилство.

  • Мажите кои се закануваат најчесто не се толку опасни

Најчесто се опасни. Самите закани се облик на насилство. Не е исклучено дека тој своите закани и ќе ги исполни. Секоја закана треба сериозно да се сфати и пријави.

  • Насилникот е можно да се препознае на изглед

Не постојат специфични карактеристики, изглед, работа или било што преку кое може да се препознае насилник.

  • Ако жената одлучи да го напушти насилникот, тогаш и насилството престанува

Можеби звучи логично, но не. Во моментот кога го напушта насилникот, жената е во најголемата, често и животна опасност бидејќи тој губи чувство на моќ и контрола. Ќе направи се за тоа да го задржи.

  • На децата им е потребен татко дури и кога тој е насилен спрема мајката

На децата им е потребна грижа и љубов. Растењето покрај насилство има голем ризик дека тие ќе станат насилници или пак жртви на насилство.

Не ја вртете главата на насилство, пријавете го! – Стоп за насилството!