Ова се необичните стандарди за женската убавина во Азија

Покрај општите стандарди за убавина во светот, секоја нација си има и свои уникатни одлики, традиции, обичаи, но и нови трендови кои се тесно поврзани со убавината.

Еве неколку необични занимливости за азиските земји и убавината:

  • Долги нокти на нозете

Иако светските трендови се со совршено убав маникир и педикир, сепак во Индија долгите и лакирани нокти на нозете се сметаат за знак на убавина кај девојките.

  • Споени веѓи

Споените веѓи се традиционален знак за убавина во Таџикистан, особено ако тие се погусти. Девојките кои за жал не се надарени со вакви веѓи, користат посебни билки со цел да го обојат просторот на средина, за да изгледа како да ги имаат овие веѓи.

  • Завој на носот

Големата популарност на ринопластиката во Иран понекогаш се нарекува и „светска престолнина на носот“. Оваа носна лента по операцијата дури има и посебно име – „завој на честа”, затоа што жените гордо го покажуваат овој нов моден додаток. Некои го носат и подолго време по операцијата, како знак на нејзиното богатство.

  • Црни заби

Иако белите и убави заби се сметаат за олицетворение на убавината на една девојка, сепак стар јапонски обичај вели дека преку оцрнување на забите жените некогаш ја покажувале својата убавина и подготвеноста да се омажат. Во денешно време, веќе речиси никој не го користи ова.

  • Издолжување на вратот

Долгиот врат е симбол на женственост и убавина во Тајланд, кај народот Кајани. Тие веруваат дека со издолжен врат жените изгледаат како змејови, кои пак се важен дел на околните народни преданија. На ова место, девојчињата носат вратни обрачи од месинг на само пет години.

  • Наострени заби

Од црните заби пак, преминуваме на Бали каде стругањето и обликувањето на забите е народен обичај и обред. Ова стругање се изведува главно врз тинејџерки со цел да се изгонат злите духови, додека пак наострените заби во Индонезија се симбол на зрелост, односно тогаш девојките се подготвени за венчавање.

  • Лице во облик на срце

Во Јужна Кореја измените на лицето се топ 3 најпопуларни пластични операции, додека пак еден нов тренд сепак треба да се истакне. И покрај потенцијалните опасности, девојките често се подложуваат на операција со цел да имаат лице во облик на срце.