Жељко Митровиќ најави дека во Задруга 5 ќе се вселат 60 учесници, но на крајот испаднаа 59, што многумина ги заинтригира што се случило со еден учесник.
Се работи за Наталија Шчекиќ, таа прва е исфрлена од шоу-то, а сите се прашуваат што е вистинската причина.
„Поради мојата здравствена состојба, моментално не можеме да се дружиме во „Задруга 5“. Многу сум исцрпена и под голем стрес. Поддршка за сите задругари“, напиша Наталија.

Сепак, многумина мислат дека друго се крие зад оваа објава.
„Слушнав дека направила голем проблем, дека ја искршила собата, добила напад на паника, дека со причина е дисквалификувана“, истакнала Сандра Ресиќ за Наталија.
