Оваа собичка од 18 квадрати се продава за 5 илјади евра квадрат: „Ве молиме само сериозни купувачи“

Во мирна улица во Загреб, на првиот кат од зграда стара 124 години, се наоѓа гарсоњера од 18 метри квадратни. На платформа за продажба на недвижен имот објавен е оглас за продажба токму на овој стан.

Во огласот се наведува дека станот е полн со светлина со поглед на големата градина. Има и поткровје од околу 10 квадрати и има сопствен водомер, така што месечните комуналии се околу 40 евра.

Се вчитува...

Станот е убаво уреден и судејќи по сликите од огласот има една соба, бања и кујна.

Сопственикот на станот aпелира да не му се јавуваат „оние кои сметаат дека цената е смешна, кои мислат дека е превисока или оние кои истакнуваат дека другите имоти се поевтини“.

Не е ни чудо што сопственикот инсистира да му се јават само сериозни купувачи бидејќи овие 18 квадрати во Загреб чинат 90.000 евра.