ОВИЕ 3 НАМИРНИЦИ СЕ СПАС ЗА ЖЕНИТЕ ВО МЕНОПАУЗА: Полни се со протеини и влакна, а не додаваат килограми!

Со доаѓањето на менопаузата, вистинско време е да се размислува за промена на навиките кога се во прашање исхраната и физичката активност, со цел да се зачува физичкото и психичкото здравје, но и посакуваната форма на телото.

Еден од најголемите фактори за дебелината е конзумирањето нездрави грицки, како чоколади, слатки, чипс, газирани пијалоци и слатки пијалоци.

Оваа храна е полна со шеќер, вештачки вкусови, хемикалии, содржи премногу сол и негативно влијае на здравјето и убавината.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се совршен извор на енергија бидејќи се богати со протеини. На пример, јаткастите плодови содржат омега 3 масни киселини и се одлични за вашата коса и кожа. Бразилските ореви се одлични за хормони, кожа и против стареење.

Исто така, бадемите се одличен извор на протеини – содржат витамин Е и богати се со калциум и магнезиум. Лешниците се исто така одличен извор на протеини и влакна.

Се препорачуваат грст јаткасти плодови, прво бадеми, додека бразилските ореви се доволни во количина од едно до две овошја.

Семки од тиква

Семките од тиква се полни со квалитетни масла кои ќе им помогнат на вашите зглобови, ќе ја стимулираат функцијата на мозокот, а исто така се полни со магнезиум, калциум и цинк. Освен за грицкање, семките од тиква можете да ги користите во различни јадења, како салати или супи.

Суво овошје

Сувото овошје содржи многу шеќер, па затоа е важно да се јаде во мали количини. Сувите сливи, на пример, се одлични за варење и борба против запек. Секогаш можете да имате некое сушено овошје во вашата чанта за да јадете нешто здраво и слатко.

Иако овие намирници можат да бидат и калорични, тие секако се подобар и поздрав избор од крофните, колачите, чипсовите и бисквитите.