Фановите на Ѓорѓе Балашевиќ беа изненадени.
Имено, некој кој стои зад официјалниот YouTube канал на Панонскиот морнар реши да ги израдува фановите со две нови песни.
Станува збор за детски песни со нешто пократко времетраење, но текст кој уште еднаш ќе ги потсети луѓето зошто ги сакаат песните на Балашевиќ.
Тие две песни „Седум дена“ и „Балада за лебедот и гавранот“ никогаш не биле објавени на ниту еден од албумите на покојниот музичар, ниту пак тој ги изведувал на концерти. Нема поголема среќа за обожавателите од песните кои се снимени многу одамна, а неодамна ја „видоа“ светлината на денот.
Судејќи според коментарите на фановите на Јутјуб под песната „Седум дена“, Панонскиот морнар настапи во детската емисија „Полетарац“ каде се појави кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години на минатиот век.
