Овие шест работи ќе ги знаете само доколку имате сестра

Секој кој има сестра може да се согласи дека не постои ништо помоќно од врската која ја имаат меѓу нив.

Линда Саншајн еднаш напиша дека „Доколку не можеш да разбереш како една жена може да ја сака својата сестра, а истовремено да посакува да и го скрши вратот, веројатно си единствено дете во семејството“.

Во продолжение шест работи кои би ги знаеле само доколку имате сестра:

  • Како да простувате и да заборавите брзо

Можеби во еден момент викате една на друга, но веќе во следниот сте заборавиле и си позајмувате накит или облека. Кавгите кои може да се родат во минута, може да исчезнат во секунда.

  • Совршен партнер во „злосторство“

Скршивте нешто? Секогаш имате „партнер“ на своја страна кој никогаш нема да ве издаде.

  • Искрен критичар

Токму вашата сестра е таа која ќе ви каже дека грешите, не изгледате убаво или пак сте виновни за нешто.

  • Ништо не е заедничко

Ова посебно се однесува на сестрите кои се приближно исти во големина и возраст. Одлично е да се споделуваат облека и накит, но ништо не е заедничко и секој има свое место во собата.

  • Советувач

Помалите сестри секогаш имаат човек каде може да се обратат за совет. Тие знаат дека нивните постари сестри секогаш се таму за нив.

  • Натпреварување

Растењето со сестра го буди натпреварувачкиот дух во секое девојче. Машките не се единствените кои сакаат да победуваат.

За крај запомнете: Без разлика колку се жалите за сопствената сестра, никој друг не смее да каже лош збор за неа.