Живот

Овие три хороскопски знаци имаат неверојатна интуиција: Ги читаат сите околу себе како отворена книга!

Овие три хороскопски знаци имаат поразвиена интуиција од сите други. Тие се способни да го прочитаат секој соговорник за 3 секунди, ништо не пропуштаат, а ако се обидете да го измамите сте направиле голема грешка.

Овие знаци имаат најразвиени 6 сетила:

Рибите сакаат детално да го планираат секој настан и на тој начин да внесат некои ситуации во својот живот. Тие знаат како да се чувствуваат, кога е вистинското време да преземат акција и кога е вистинското време да дадат се од себе за да стигнат до целта.

Нивното мото е „Се чувствувам – значи постојам“. Родените во знакот Риби најчесто се водат од своите внатрешни чувства и ретко грешат.

Способноста на Шкорпијата да чита други луѓе е неверојатна. Чувствуваат остро и длабоко доживуваат се што се случува околу нив, па затоа е тешко да ги надмудрите.

Претставниците на овој знак суптилно ги набљудуваат вибрациите што ги испраќаат луѓето околу нив. Способноста да ја предвидат иднината е нивно хоби, но често тие самите намерно ги игнорираат овие знаци и преземаат ризици. Преферираат возбуда и непредвидливи ситуации, па поради таа причина често избираат да ја игнорираат интуицијата.

Стрелецот е обдарен и со вродено шесто сетило, само прашање е дали е подготвен да работи на себе. Интуицијата го предупредува Стрелецот не само на опасност, туку и на можности кои можат да ги искористат, но често имаат потешкотии да ги протолкуваат тие сигнали.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни