По истражувањето на здравствените придобивки од суровото месо, Вестон Роу целосно се префрли на сурова исхрана. Тој вели дека оваа диета му помогнала многу во подигнување на енергијата.
Три години, тој редовно јаде храна како што се говедско месо, црн дроб, пилешко, па дури и мозоци, а сето тоа го купува од локалните фарми.
„Би рекол дека во овој момент јадам 99 проценти свежо месо и никогаш не сум бил болен поради таквата диета. Не јадам веќе преработена храна и искрено, дури и не ми недостасува. Добивам месо и млечни производи од локални добавувачи и пријатели кои чуваат говеда, а јас сам одгледувам овошје во градината“ – рече Вестон.
Тој троши околу 120 евра неделно за храна. Неговиот ден обично се состои од два до три оброци.
„Понекогаш го прескокнувам појадокот, но ако сум гладен обично имам три до четири јајца и парче овошје за појадок. Ручекот е обично мојот најголем оброк во денот. Јадам половина килограм месо, несолен путер и три до четири јајца. За вечера додавам и варени компири. Десертот е сладолед направен од свежа павлака, млеко, јајца и мед“ – вели тој.
Неговата омилена храна е пилешки црн дроб, говедско со путер и овчо месо. Тој исто така може да најде овчји очи во менито. Избегнува додавање зачини. Иако ја започна оваа диета пред три години, тој отсекогаш бил заинтересиран за тоа и постојано се едуцирал за најдобрите начини за одржување на формата.
„Сфатив дека мојата исхрана треба да се промени кога почнав да чувствувам навистина чудни симптоми како егзема, магла и замор“, рече тој.
Една од намирниците што е особено контроверзна во неговата исхрана е пилешко, поради потенцијалниот ризик од труење со салмонела.
„Многу е контроверзно, но верувам дека месото има природна рамнотежа на бактерии кои дејствуваат симбиотички со нашите тела и служат за одредена цел. Јадев стотици килограми пилешко и далеку сум од било каква болест“ – објасни тој.
Тој ги споделува своите навики за јадење и фотографии од тоа што јаде на Инстаграм и Јутјуб. Иако доби многу негативни коментари, тој вели дека пријателите и семејството го поддржуваат.
Лекарите, пак, предупредуваат дека овој начин на исхрана е опасен. Д -р Френки Филипс од Британското здружение на диететичари нагласи дека некои парчиња месо навистина може да се јадат живи, но дека јадењето живо пилешко месо е преголем ризик поради труење со храна.
„Не препорачуваме живо пилешко месо да се јаде живо, а хигиената мора да се земе предвид при користење живо месо. Никогаш не би им препорачале на луѓето да јадат пилешко што не се готви бидејќи може да се отрујат“ – вели овој доктор.
