Македонија

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

Попладнево голем број корисници пријавуваат проблеми со пристапот до социјалната мрежа Фејсбук, откако апликацијата престана да функционира.

Според пријавите на корисници, апликацијата не се вчитува, додека кај дел од нив е невозможно да се логираат или да ги освежат содржините.

Проблемите се забележани во повеќе региони, а засега нема официјално соопштение од компанијата Meta за причините за прекинот или за тоа кога се очекува нормализирање на услугата.

Корисниците на социјалните мрежи веќе масовно реагираат, пријавувајќи дека не можат да пристапат до своите профили и да ја користат платформата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни