Падна митот за недопирливиот Мијалков, некогаш најмоќен човек во државата, денес зад решетки

Некогаш ретко кој се осудуваше да го спомне неговото име. Немаа храброст за такво нешто ниту медиумите. А, тие што ќе собереа храброст, завршуваа или во затвор или со тешки казни за клевета. А, дека беше така се виде и од прислушуваните материјали кои ги објави Заев.

Казни за клевета од илјадници евра имаше и за медиуми, но и за јавноста. Митот за Сашо Мијалков почна да паѓа кога опозицијата почна да ги објавува бомбите, но тогаш се уште беше на власт. Објавувањето на бомбите почна во февруари 2015, а Мијалков си даде оставка 3 месеци потоа. За неговото владеење и финансиска моќ што ги создаде во период од 8 години како шеф на тајните служби го знаеја сите. Но, колку всушност бил моќен, покажаа прислушуваните материјали. Тој одлучувал кој ќе биде казнет, а кој не. Одлучувал кој ќе биде вработен, кој ќе добие ексклузивна вест, дури се мешал и во програмските телевизиски шеми. Иако ја делеа власта, и на албанските функционери кога ќе им требаше услуга, требаше да му се јават на Мијалков.

А подземјето не можеше да се одржи без да ги контролира судовите, а токму за тоа Мијалков не и препуштал ништо на случајноста кога станува збор за судскиот систем.

Лицето на Мијалков ретко се појавуваше во јавноста. За време на неговото шефување, давал само интервјуа за весници, но тоа не значи дека не го интересирало што зборуваат медиумите. Со државни пари се купувале привилегии за првите луѓе од неколку национални медиуми, а потоа како против услуга му било дозволувано да се меша и во програмската шема.

Малку можеше да се прочита на интернет за биографијата на Мијалков. Таму пишува дека дипломирал и магистрирал во прага, Чешка. На веб страната на Антикорупција, не постои негов анкетен лист. Имотот што го пријавил во 2015 достигнал вредност од 1,5 милиони евра. Но ретко во која компанија Мијалков нема вмешано прст, а исто така и во медиумите се зборуваше за компаниите кои ги поседува надвор од земјата. Малку кој веруваше дека Сашо Мијалков ќе заврши во затвор, особено по бегството на Груевски и неговото исклучување од партијата. Ниту на самиот Мијалков не му паѓаше на памет дека еден ден ќе заврши таму каде што тој го испрати Љубе Бошковски во 2011 година.

Обвиненијата на СЈО зборуваат за вмешаноста на Мијалков во илегални активности на минатата влада. Тој е обвинет во случаите Таргте, Тврдина, Трезор, Тортура и Титаник 2.

Репортер: Фуркан Салиу

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното