Падна од осмиот кат на вториот работен ден, за десет месеци 17 лица загинале на работно место

55 годишниот Ш.Б од село Света Петка го загуби својот животот утринава, откако падна од осмиот кат на зградата на која што работел. Според очевидците, тој паднал во местото предвидено за лифт, но немало соодветни безбедносни ознаки.

Неговото семејство тврди дека местото не било осветлено, а немало ниту сигнализација.

За трагедијата да биде уште поголема, на 55-годишниот работник ова му бил втор работен ден на ова место.

Но, за жал ваквите сцени на градилиштата низ Македонија се се почести. Од Државниот инспекторат за труд велат дека од јануари до октомври годинава 17 лица загинале на работно место , а 1527 биле повредени.

Дејан Ангеловски од Здружението на инженери  за заштита „Тутела“ за ТВ21 ли дека здравствената и безбедносната ситуација при работа во Р.М. е далеку од задоволителна.

„Здружението на инженери за заштита Тутела смета дека состојбата со безбедноста и здравјето при работа во Р.Македонија е далеку од задоволителна. Најчесто се сведува на добивање на документи, а далеку е од реална примена во пракса. Вината може да се бара кај сите учесници во системот од законодавецот, работодавците, вработените и контролорите. Неопходно е подигање на културата за безбедно работење како и голема промена на досегашната законска регулатива која е премногу административна а малку обврзувачка и практично применлива.“, изјави Ангеловски.

Според годишниот извештај на Здружението за безбедност и здравје при работа, најмногу несреќи на работното место во изминатата година имало во Скопје и Куманово. Најчести смртни случаи се во секторите земјоделство и градежништво.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21