Изнудување, секс трговија и злоупотреба на малолетнички – токму за овие работи беше обвинет американскиот музичар Ар Кели, најпознат по песната „I believe i can fly“.
Лицата кои го тужеа, за време на судењето сведочеа како тој ги подложил на „изопачени“ и „садистички каприци“ додека тие биле уште малолетни лица.
Музичарот, инаку со години ја избегнуваше кривичната одговорност за бројните наводи околу своето недолично однесување кон млади девојки и деца.
Според западните медиуми, поротата, составена од 7 мажи и 5 жени, го прогласи музичарот за виновен по само два дена разгледување на случајот.
Исто така, обвиненијата се засновани на аргументи дека менаџерите и помошниците му помогнале на пејачот „да ги запознае девојките и да ги држи послушни и тивки“, што се претворило во криминално дејствие.
