Свет

Падна системот за парични трансакции: Еве за што се работи

Падна системот за парични трансакции: Еве за што се работи
Во известувањето што им беше испратено на корисниците од Ерсте банка стои дека платниот промет во евра внатре во ЕУ моментално е оневозможен. „Поради грешка, моментално не функционира платниот систем TARGET во целата Европска унија, преку кој се извршуваат платни трансакции во евра меѓу сите банки во еврозоната. Поради тоа, оневозможени се излезните и влезните трансакции за:
  • SEPA национални и прекугранични плаќања во евра
  • Итни национални и прекугранични плаќања во евра
Се очекува проблемот да биде отстранет во рок од два часа,“ стои во известувањето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни