Социјалната мрежа „Х“ моментално не работи, јавуваат корисници.
Не може да се пристапи до поранешниот Твитер, што го потврдија бројни корисници низ Европа.
На страница која детектира значителни проблеми на социјалните мрежи, беше објавено дека не може да се пристапи до нивната адреса. Графиконот го покажува точно врвот од 10.24 часот утринава.