Страшна несреќа се случила денеска околу 15 часот и 30 минути на пристаништето на траектот во Мали Лошињ.
Според неофицијални информации, паднала влезната рампа на траектот „Ластово“, при што биле заробени тројца морнари на „Јадролинија“.
Се вчитува...
Според хрватските медиуми, двајца морнари загинале, а еден е тешко повреден.
Како што дознава Јутарњи лист, на местото на несреќата веднаш пристигнала полиција и брза помош, но морнарите не можеле да се спасат.
Станува збор за траектот кој требаше да исплови за Задар во 16:00 часот.
