Падот на руската рубља забрзан

Руската рубља ја забрза својата депрецијација и покрај мерките што ги презема владата.

Паритетот на долар/рубља се зголеми за 10,3 отсто на 117, а паритетот евро/рубља се зголеми за 8,4 отсто на 125.

Централната банка на Русија соопшти дека со одлуката на 28 март ја зголемила основната каматна стапка од 9,5 на 20 отсто.

Компаниите кои се занимаваат со меѓународна трговија исто така беа обврзани да продаваат 80 отсто од приходите од девизи во овластени банки.