Музичкиот могул Шон „Диди“ Комбс, 55, беше прогласен за невин по најсериозните обвиненија за трговија со луѓе и заговор за рекетирање. Доколку беше осуден за заговор за рекетирање, ќе се соочеше со доживотен затвор.
Осуден за транспорт со цел проституција
Сепак, поротата го прогласи за виновен за кривично дело транспорт со цел проституција, што носи максимална казна од 20 години затвор. Пред да биде објавена пресудата, Диди ги замоли сите во судницата да се молат за неговото семејство – што беше дочекано со аплауз.
Поротата се подели по клучните точки
На поротата ѝ беше наредено да се врати на заседание вчера откако му кажаа на судијата дека се „непомирливо поделени“ по првата точка од обвинението – заговор за рекетирање.
Иако беше ослободен од најсериозните обвиненија, пресудата би можела да го испрати Комбс (55) зад решетки до десет години и речиси сигурно значи крај на неговата кариера – како музички продуцент, моден претприемач, амбасадор на брендови и ѕвезда на ријалити шоуа.
Конечната пресуда е дека тој не е виновен за уцена или трговија со сексуални услуги на неговата поранешна девојка Кеси Вентура, но е виновен за транспорт и проституција на други. Тој е виновен и за транспорт и проституција на пријателка на девојката која се претставувала под псевдонимот Џејн. Тој не е виновен за транспорт и проституција на Вентура и другите. Поротниците, патем, претходно објавија дека постигнале договор за пресудата по четири од петте точки од обвинението.
