Пакет помош од 13,6 милијарди американски долари за Украина

Американскиот Сенат го одобри предлог-законот за буџет кој вклучува 13,6 милијарди долари помош за Украина, која е во војна со Русија.

Во Генералното собрание на американскиот Сенат, буџетскиот предлог-закон од 1,5 трилиони долари, кој го вклучува пакетот помош за Украина и обезбедува финансирање на владата до 30 септември, беше прифатен со гласовите „за“ на 68 сенатори наспроти гласовите „не“ на 31 сенатори.

Пакетот помош од 13,6 милијарди долари за Украина вклучува воена помош за Украина и поддршка на украинските бегалци кои мораа да побегнат во странство.

Белата куќа побара дополнително финансирање за помош за Украина во писмо испратено до Сенатот претходно овој месец.

Финансирање од 1 милијарда долари за системот Железна купола за Израел

Од друга страна, во нацрт-буџетот беше одобрен фонд од 1 милијарда долари за обнова на израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во изјава на својот Твитер профил рече дека е задоволен што долгогодишните разговори меѓу Белата куќа и Конгресот за Железната купола се завршени.

Предметниот предлог-закон за буџетот ќе биде доставен на потпис на американскиот претседател Џо Бајден за донесување.