Палмер во Скопје, Заев во Брисел: „Нема стабилна Европа доколку Балканот е ранлив“

САД силно ја поддржуваат Македонија и нејзината европска перспектива, потенцира специјалниот претставник на државниот американски секретар за Балкан, Метју Палмер. Причината за неговата посета во Скопје е токму за повторно да ја потврди и зајакне поддршката,

-Тука доаѓам веднаш по ратификацијата на Протоколот од Сентот на САД за членство на Северна Македонија во Североатлантската Алијанса. Ова е најповолното време да се биде тука, исто така по неодамнешната посета на американскиот државен секретар, Помпео, за да ја потврдам и зајакнам силната американска поддршка за Северна Македонија, и за нејзиниот европски пат и перспектива“, рече Палмер.

На средбата стана збор и за важноста за отворање на европското поглавје, кое е од интерес на Скопје, но и на Вашингтон, порача министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Министерот Димитров меѓу другото истакна дека Западен Балкан е дел од Европа и дека таа не може да биде успешна и стабилна, доколку регионот е ранлив.

По ладниот туш од 18-ти октомври, кога Франција даде негативен одговор за старт на преговорите со Скопје, премиерот Зоран Заев бара да се обезбедат информации за перспективата на земјата пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, кој треба да се одржи кон крајот на ноември. За обезбедувањето на, како што ги нарече Заев, информации од прва рака за деталите околу тоа какви планови има ЕУ околу проширувањето и новата методологија, премиерот денеска се сретна со неговиот италијански колега, Џузепе Конт, имајќи предвид дека Италија ја смета за земја која има влијание врз членките на Унијата. По Рим, Заев отпатува во Брисел, а вечерва се очекува да присуства на заедничка вечера со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини и лидерите на земјите од Западен Балкан.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното