Свет

Паника меѓу Русите? Еве што најмногу гуглаа пред говорот на Владимир Путин

Паника меѓу Русите? Еве што најмногу гуглаа пред говорот на Владимир Путин

Недолго откако се појави веста за обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин, настана паника.

Имено, според податоците достапни на Google Trends, Русите гуглале „како да ја напуштите Русија“.

Таа фраза најмногу се гуглаше околу 18 часот по локално време, а претходно во вторникот руските пратеници едногласно усвоија закон со кој се воведуваат концептите на „мобилизација“ и „вонредна состојба“.

Да потсетиме, Владимир Путин во својот говор во средата прогласи делумна воена мобилизација и рече дека доколку Западот продолжи со, како што рече, „нуклеарната уцена“, Москва ќе одговори со сета сила на својот арсенал.

– Ако територијалниот интегритет на нашата земја е загрозен, ќе ги искористиме сите расположливи средства за да го заштитиме нашиот народ – ова не е блеф – рече Путин во телевизиското обраќање до нацијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни