Во зоолошката градина во Белград, зебра повреди маж и дете, потврди за Танјуг итната помош.
Според првичните информации, зебрата излегла од оградениот простор и повредила дете и маж.
Состојбата на повредените е непозната, а вработените во Зоолошката градина утврдуваат како се случил инцидентот.
Како што неофицијално дознаваат белградските медиуми, се наведува дека едно дете и еден маж биле повредени од зебра, поради што на терен биле испратени две екипи на брза помош.
