Балкан

Панос Каменос ја напушта грчката Влада

Панос Каменос утрово најави дека ја напушта владината коалиција поради недоразбирање околу Договорот од Преспа со премиерот Алексис Ципрас, по денешната средба.

– Се сретнав со премиерот. Имавме прилично долга дискусија. Соработувавме во изминатите речиси четири години во владата на национално единство. Успеавме да ја извлечеме земјата од меморандумите. Првата цел беше постигната. По прашањето за Македонија, нема да си дозволам да не ја жртвувам позицијата. Му се заблагодарив на премиерот. По националното прашање, оваа соработка не може да продолжи. АНЕЛ ја напушта владата – рече Каменос.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни