Македонија

Пановски: Се почитуваат протоколите за терапија и лекување на ковид пациенти

Професорот Пановски, откако посети дел од Ковид центрите на Интерните клиники, направи визита и преглед на пациенти и нивните болнички истории, до министерот Филипче испрати стручно мислење во кое опфаќа три сегменти – оргазнизација на ковид центрите, стручен кадар и со каква терапија се лекуваат болните пациенти.

„Организационо солидно се поставени центрите, со јасна поделба на зелена и црвена зона, персоналот е адекватно заштитен, а тоа што јавноста треба да го знае, е дека во сите тие центри постојано има присутен пулмолог, а не како што пишуваат по социјалните мрежи дека таму лекувал на пример офталмолог. Со четворица од нив разговарав, со двајца лично, со две преку телефонска видео врска.“ – пишува проф. д-р Никола Пановски.

Во стручното мислење, проф. д-р Пановски пишува и за начинот на лекување на болни и заразени со Ковид 19. Тој констатира правилно давање на антибиотици и други лекови, посочувајќи случај, со ковид пациент кој има хронично заболување леукемија, лекарите со соодветна терапија успеале леукоцитите од 120 да му ги намалат на 35, а ЦРП од 300 на 50.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни