Свет

Папата Франциск е стабилен: Тој помина уште една мирна ноќ во болница!

Папата Франциск е стабилен: Тој помина уште една мирна ноќ во болница!

Од Ватикан денеска соопштија дека папата Франциск „добро реагира“ на лекувањето од двојно воспаление на белите дробови, а неговата општа состојба постепено се подобрува.

Во соопштението се наведува дека папата покажал „постепено, мало подобрување“ во последните денови, пренесе АП.

Лекарите наведуваат дека папата Франциск е во стабилна состојба, без покачена температура и добро ниво на кислород во крвта, се наведува во соопштението на Ватикан.

Папата денеска работеше и одмора, се вели во соопштението.

Папата Франциск (88) беше примен во римската болница Ѓемели на 14 февруари поради тешка респираторна инфекција, објави Ројтерс.

Ова е најдолго отсуство на папата од вршење јавни функции во рамките на папските должности.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни