Папата Франциско изјави дека неговото срце било скршено по веста за пукање во основно училиште во Тексас

Папата Франциско изјави дека неговото срце е скршено по веста за пукањето во основно училиште во Тексас, во кое загинаа 19 деца и двајца возрасни, а го извршил 18-годишен Американец, пренесоа светските агенции.

Поглаварот на Римокатоличката црква ја критикуваше и неконтролираната трговија со огнено оружје.

Се вчитува...

„Моето срце е скршено од овој масакр во основно училиште во Тексас. Се молам за убиените деца и возрасни и нивните семејства“, рече папата.

„Време е да се каже „Доста“ за неселективна трговија со оружје. Ајде сите да се обврземе дека трагедиите како оваа нема да се повторат“, додаде тој.