Свет

Папата Франциско: Срцето ми се скрши поради пукање во училиште во Тексас

За време на денешното редовно неделно обраќање, папата Франциско рече дека срцето му е скршено поради синоќешното пукање во училиште во Тексас.

Тој повика на поголема контрола на оружјето и го критикуваше, како што рече, „недискриминаторната трговија со оружје“, напиша Гардијан на својот блог .

Собрани на плоштадот Свети Петар за неговата неделна општа аудиенција, тие го поздравија неговиот апел, пренесува Ројтерс.

Ева Мирелес е првата идентификувана жртва на масакрот  што се случи вчера во основното училиште Роб во Јувалде, Тексас, кога беа убиени најмалку 21 лице, од кои повеќето деца.

Напаѓачот, идентификуван како  18-годишниот Салвадор Рамос, е мртов , соопштија официјални лица. Вооружениот напаѓач бил убиен од агент на граничната патрола кој влетал во училиштето со тим за тактичка поддршка и го убил додека бил забарикадиран внатре.

„Да ве уверам, напаѓачот е мртов“, рече Пит Аредондо, шеф на независната училишна полиција на Увалде. „Не бараме друго лице во овој случај.

На престрелката синоќа се обрати и  претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден

„Се надевав дека како претседател нема да мора вака да се обраќам. Масовното  пукање во основното училиште Увалде  е уште еден масакр во САД. Убави, невини деца, од второ, трето, четврто одделение. И колку деца присуствуваа на тоа како загинаа нивните пријатели, како да се на бојното поле“, рече тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни