Свет

Папата Франциско: Војната во Украина е злосторство против Бог и човештвото

Папата Франциско: Војната во Украина е злосторство против Бог и човештвото

Војните како онаа во Украина, каде цивилните области се подложени на неселективно уништување, се злосторство против Бога и човештвото, изјави денеска папата Франциско, цитиран од Ројтерс.

Ова го изјави поглаварот на Римокатоличката црква во својот годишен говор пред дипломатите акредитирани во Светата столица.

Во обраќањето, кое ја разгледува меѓународната ситуација и неофицијално се нарекува „Состојба на светот“, Папата го привлече вниманието и на протестите во Иран. Тој ги осуди смртните казни на демонстрантите кои повикуваат на поголема почит кон жените.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни