Парис Хилтон е бремена

Познатата ѕвезда Парис Хилтон е бремена.

Таа заедно со нејзиниот свршеник Картер Реум го чекаат своето прво дете, а двојката уште лани изрази подготвеност да основа семејство.

Имено, во месец јануари, Хилтон, која е на прагот на петтото десетлетие од животот, објави дека започнала со „ин-витро“ процедура.

„Тој е човекот од моите соништа! Картер е 100 отсто вистинската личност!. Цело време зборуваме за свадби и ги планираме имињата на нашите деца, изјави тогаш богатата наследничка за „Тренд репортер“.

Хилтон и 40-годишниот претприемач се свршија во февруари, откако една година беа во врска. Тој ѝ предложи брак на приватен остров, со дијамантски прстен со смарагди, дизајниран од „Дан Досет“.

Засега нема официјална потврда за информацијата ниту од Хилтон ниту од Картер. Сепак, фотографиите споделени на социјалните мрежи ја откриваат тајната на наследничката на хотелите „Хилтон“.