Свет

Парламентарни избори во Северна Кореја празник за граѓаните

Милиони гласачи во Северна Кореја, вклучувајќи го и лидерот Ким Џонг Ун, денеска гласаат на парламентарни избори.

Севернокорејците ќе изберат 700 членови на Врховното народно собрание, кое, на хартија, е највисок орган на власт во земјата.

Излезноста вообичаено е висока, околу 99 отсто и повеќе, а според законот, право на глас имаат граѓани со наполнети 17 години.

Изборниот ден во Северна Кореја се сфаќа како празник. Кога ќе го напуштите гласачкото место, од вас се очекува да се придружите на групите кои прославуваат и на тој начин се искажува среќата што сте можеле да го изберете мудрото водство на државата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни