Свет

Парламентарното собрание на НАТО ја прогласи Русија за терористичка држава

Парламентарното собрание на НАТО ја прогласи Русија за терористичка држава

Парламентарното собрание на НАТО ја прогласи Руската Федерација за терористичка држава поради војната во Украина . Ова го соопшти Егор Чернев, шеф на постојаната делегација на Украина, цитиран од Новаја Газета.

Резолуцијата беше усвоена едногласно. Документот повикува на создавање на специјален меѓународен трибунал за руска агресија.

Во среда, Европскиот парламент ќе гласа и за резолуција за признавање на Русија како државен спонзор на тероризмот. За ова прашање имаше дебати во октомври.

Летонија и Естонија претходно ја признаа Русија како спонзор на тероризмот. Сенатот на Полска и Домот на пратеници на Чешката Република исто така донесоа резолуции со кои руските власти се признаваат како терористички режим.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни