Македонија

Партиски активисти со „Copy Past“ пораки – наместо доближување, со ова партиите губат симпатизери

Сите политички партии ги синхронизираат и објавувањата на социјалните мрежи на една иста порака, вели специалист за односи со јавност и нови медиуми Бојан Кордалов. Тој вели дека на овој начин партиите ќе покажат надмоќ, дека се послини од противниците и да покажат дека многу повеќе ги има на социјалните мрежи.

Различни групи креирани од активистите на партиите на социлајните мрежи шират различни пропаганди, а тоа негативно влијае врз граѓаните додава Кордалов.

На Фејсбук има околу 1000 илјади македонски партиски профили, не се знае колку е точната бројка на Твитер, но се претпоставува дека нивната бројка е околу 10 илјади, а тука се и Јутјуб и останатите социјални медиуми. Познавачите на социјалните мрежи велат дека политичките партии во земјава се застапени на социјалните мрежи, барем тие подоголемите. Дел од партиите не ги разбираат социјалните мрежи, пред се Твитер и ги користат за еднонасочна комуникација, односно само им соопштуваат на нивните следбеници она што сакаат да им го кажат. Недостасува лична порака од самите корисници, односно политичари, и тие не комуницираат со читателите.

РЕПОРТЕКА: АРБАНА Ќ КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни