Претседателката на приватните лекари, доктор Лилија Чолакова смета дека високиот број на заразени е последица на непочитувањето на протоколите од страна на граѓаните. Таа оценува дека вакцинацијата нема врска со високиот број заразени низ општините, бидејќи како што вели, меѓу заразените има и вакцинирани.
Чолакова вели дека пациентите доцна се јавуваат на лекар и за други болести, плашејќи се да не испаднат позитивни на ковид 19. Според неа, полициски час или дополнителни мерки не се потребни во борбата со високиот број заразени, туку е потребан соработка меѓу пациентите и матичните лекари.
Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи.