Патување од Скопје до Блаце – Мевљуд Мјаку 50 години патува по уништен пат

Мевљуд Мјаку веќе 50 години секој ден патува од Чаир до Елез Хан, а понекогаш и до Качаник и Урошевац, и тоа преку патот Скопје-Блаце, познат како Качанички пат. Неговото долгогодишно искуство на овој пат, ја заинтересира екипата на ТВ21, па затоа одлучи да му се придружи на Мевљуд, за да види како се одвива еден ден возење по овој пат.

ТВ21: Чичко Мевљуд колку години веќе патувате по овој пат?

-Околу 50 години. Од 70-тата. Во 74-та беше изграден нов пат, магистралата од Скопје кон Елез Хан, но беше подобрена инфраструктурата, така што возењето беше на ниво. Меѓутоа од 74-тата досега патот е оштетен многу, бидејќи веќе е стар. Се очекува со новиот автопат да се подобри инфраструктурата и со тоа возилата да не се оштетуваат како порано, бидејќи навистина има дупки-вели Мјаку.

Дека патот е оштетен покажува и движењето на нашата камера. Има недостиг на патна сигнализација и банкини, причини кои придонесуваат за, како што вели Мевљуд, бројни сообраќајки.

-Да, имаше и сообраќајки. Гледате, нема сигнализација? Ова е голем недостаток. Имаше поставено, јас еднаш ги броев, беа околу 28 необележани столба од тука до Елез Хан-рече Мјаку.

Со чичко Мевљуд, кој продолжи кон Косово, се поздравивме на влезот на Блаце.

-Ако од Скопје до Блаце ни беше потребно половина час, по новиот автопат ќе ни биде потребно само 15 минути-вели репортерката на ТВ21.

На оваа граница, како што велат од Министерството за внатрешни работи, во 2019-та година поминале околу 3 и пол милиони граѓани. Доколку оваа бројка се спореди со претходните 5 години, овој број е зголемен за 1 милион. Но, трендот на пораст не е нешто вообичаено, бидејќи ваков не е случајот и на другите гранични премини. За истиот временски период на ГП Богородица и Табановце е забележано намалување на бројот на патници. На границата „Блаце“ не минуваат само возила, туку и камиони со стока, кои видно зачестија откако Косово воведе данок за стоката од Србија. Ова влијаеше врз зголемување на трговската размена за 10%, па затоа Стопанската комора побара да се искористи овој момент и да се забрзаат градежните работи на автопатот „Скопје-Блаце“. Притисокот расте сѐ повеќе откако Косово го заврши својот дел од автопатот „Арбр Џафери“, а компаниите во Македонија сакаат излез на пристаништето во Драч преку „Патот на нацијата“.

-Голема е важноста на овој пат за бизнисот, особено за зоната Визбегово, бидејќи дел од нивната дејност ја имаат со Косово. Меѓутоа, ова не важи само за зоната Визбегово. Како инфраструктурен проект е многу стратешки и за Македонија, бидејќи Косово го заврши својот дел што претставува добра можност за македонските компании да имаат пристап до пристаништето во Драч-вели Дрилон Исени.

И покрај регионалните притисоци, властите потпишаа договор за изградба на само 2 км автопат. Градежните работи ќе траат 18 месеци, а ќе започнат од почетокот на границата па сѐ до влезот на Блаце. Првично се очекува експропријација на земјиште, а за станатите километри се очекува изготвување на проект. Според првичниот план, целиот автопат се очекува да биде изграден за 5 години, а дотогаш сообраќањето ќе се одвива по пат со дупки, без банкини и без патна сигнализација.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното