Кај нашиот народ е познато дека медот не фаќа метал, па затоа сите купуваме дрвени лажици специјално за таа намена.
Корисните ефекти на медот врз телото веќе им се познати на многумина.
Колку пати сте слушнале дека медот не е добар да се јаде или да се прелива во чаша млеко или чај со метална лажица, со образложение дека најпознатиот пчелен производ на тој начин ќе ги изгуби лековитите својства?
Објаснувањето зошто медот не треба да се вади од теглата со метална лажица е: доаѓа до хемиска реакција помеѓу медот и лажицата, па медот престанува да делува.
Искусните пчелари тврдат дека тоа не е точно.
Имено, медот има pH вредност од околу 3,9. Металниот прибор за јадење е направен така што не создава никаква хемиска реакција во контакт со храната.
Но, уште поважно е следното: машините за вадење мед се направени од метал, метални се и кантите за складирање на мед, при аналитичка контрола медот се мери со метална лажица, а сондата за земање мед е, погодувате, метална.
Така, слободно јадете мед со метална лажица, нема да му ги „убиете“ лековитите својства.
