Пехарот од ЛШ во Маракана не е оригинален? – Михајловиќ вели го искршиле

Познатиот српски фудбалер, а сега тренер Синиша Михајловиќ откри интересни детали од 1991 година кога тогашната генерација на Црвена Ѕвезда го освои пехарот во Лигата на шампионите.

Тој во едно интервју, вели дека пехарот кој сега се наоѓа на стадионот „Маракана“ во Белград не е е оригиналниот, бидејќи тој бил скршен.

„Тој пехар беше секаде. Јас го носев во Борово, Југови го носеше кај себе. Биниќ го чуваше во багажникот во автомобилот. Кога ќе дојдевме во некој локал, го земавме пехарот, го стававме на маса и се пиеше. Дојде Панчев и ни кажа: „Дај ми го пехарот да го носам на свадба“. Биниќ му го даде, тој го однесе на свадба. Пехарот беше целосно демолиран, па мораа да направат нов. Оној пехар на „Маракана“ не е оригинален, да знаете направен е повторно“, рече Михајловиќ.