Пејачката Шерил Кол е милионерка, додека пак брат и е бездомник и просјак

Познатата пејачка Шерил Кол е милионерка, а нејзиното богатство се проценува на над 48 милиони евра, додека пак нејзиниот брат Ендрју Твиди е спротивното – бездомник кој е принуден да проси на улица.

Токму тој за британските медиуми открил дека со години не разговара со својата сестра, но додава дека таа некогаш му плаќала за рехабилитација од дрога за 20.000 фунти, додека пак сега веројатно и не знае колку му е тешка состојбата.

„Просам овде веќе три месеци и тоа ми го скрши срцето. Имам дотолку гордост, да го **ам. Со семејството што го имам, не треба да сум тука. Страшно е!“, изјави тој за „Сан“.

Тој вели дека Шерил не му помага.

Нејзиниот брат Ендрју има долга историја на насилно однесување и зависност од алкохол и дрога, а во моментов живее во шатор со пријател што го сретнал на улица.

Во 2011 година заврши и во затвор, каде помина шест години, за вооружен грабеж, додека пак во 2005 година, исто така, за грабеж, беше осуден на четири години затвор.

Во првиот грабеж во 1993 година учествувал со само 13 години, а потоа шест години бил сместен во поправен дом поради напад врз двајца ученици. Поради престојот во затвор, тој ја пропуштил и венчавката на неговата сестра со фудбалерот Ешли Кол во 2006 година.

„Шерил сака да ми помогне, но јас не успеав премногу. Знам дека тоа и го крши срцето, но не сум доволно силен да го средам тоа. Плачам кога ќе помислам дека толку ја повредувам сестра ми. Ѝ реков дека треба да се срами од мене, но таа ме сака и не сака да се откаже од мене“, рече Ендрју во интервју од 2008 година.

Инаку, пејачката никогаш не зборуваше јавно за проблемите на нејзиниот брат, но се знае дека му помогнала да се бори со зависноста.