Пејачот ја оставил својата вереница една недела откако таа го родила неговото дете

Раперот и актер Арон Картер и неговата свршеница повеќе не се заедно, само една недела откако првпат станаа родители.

Се чини дека главниот виновник за разделбата е семејството на Картер, пишува TMZ. Музичарот го објави раскинувањето со Мелани Мартин со зборовите:

„Ме излажаа и сестра ми беше во контакт со мојата поранешна свршеница. Мојата сестра уништи сè. Фала што ми го уништи семејството. Господ да те благослови“.

Инаку, Арон имал сериозни семејни проблеми во кои важна улога имала неговата сестра близначка.

„Мелани ме лажеше цело време додека беше во контакт со мојата сестра близначка и членовите на семејството кои се обидоа да ме стават во затвор. Шокиран сум. Ова е ужасно“, додаде Арон.

Според Арон, Мелани ја напуштила Калифорнија и го зела нивниот син со себе. Таа му кажа дека отишла во Лас Вегас со нејзината пријателка Кармен.