Свет

Пендаровски и на француски јазик му ја честиташе победата на Макрон

Пендаровски и на француски јазик му ја честиташе победата на Макрон

Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил објави честитка до францускиот претседател Емануел Макрон по повод победата на претседателските избори.

„Честитки до Емануел Макрон за победата на претседателските избори. Оваа победа се случува во време на предизвици кога проевропскиот избор е навистина значаен. Се надевам ќе продолжиме со соработката за прашањата кои ги зближуваат нашите земји и народи“, напиша Пендаровски.

Пендаровски оваа честитка ја напиша и на француски јазик.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни