Пендаровски ја потпиша одлуката на преименување на АРМ во АРСМ

Армија на Република Северна Македонија е новото име на македонската војска.

Претседателот Пендаровски информираше вчера ја потпишал одлука за преименување.

Тоа значи дека во наредниот период Армијата ќе треба да набави униформи со новото име.

Во однос на иницијативата за изменување на Изборниот законик Пендаровски рече дека тој нема надлежност да одлучува туку тоа е работа на политичките партии.

На денешната средба со припадниците на АРМ ќе биде разговарано дали да се повлече војската од јужната граница со оглед на тоа дека мигрантската криза ззврши пред три години.

Според Пендаровски засега нема опасност од прилив на поголем број мигранти, а оценките од евроспакта унија покажале дека Армијата е подговена да се справи со нов евентуален бран.

Даниел Василев

Извор: Сител телевизија