Поврзи се

4NEWS.mk

Пендаровски: Макрон ми вети дека нема по втор пат да не исече

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски вели дека има некакви сигнали дека постојат шанси прашањето за почеток на преговори во Европската унија да се реши во првите пет до шест месеци од хрватското претседателство со Унијата, кое стартува на 1 јануари, а неговата надеж се темели на она за што разговарал на средбата во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон.

-Текстот продолжува по рекламата-

Пендаровски вечерва во интервју во емисијата Отворено на ТВ 24 нагласува дека нему сигнал дека прашањето ќе се реши за време на хрватското претседателство му дава желбата, која Макрон на средбата ја изразил да ја посети Македонија и на граѓаните да им ја појасни ситуацијата околу француското „не“ за почеток на преговори на октомврискиот самит,  но и потребата од усвојување на новата медотологија во преговорите.

-Ми рече: „Оваа одлука и претходната сакам да ја образложам пред вашиот народ, сакам да дојдам во вашата земја“. Јас му реков добредојдени сте, но ќе имате тешки моменти ако дојдете со негативна вест и ако не исечете по втор пат, многу тешко ќе биде да им објасните на луѓето и ќе ви биде тешко тоа да го објасните на прес-конференцијата. Тој ми рече: „Немам намера да ве исечам по втор пат. Тоа е максумум што го добив од тој разговор, вели Пендаровски.

Шефот на државата истакна дека веќе изнел во јавноста што се разговарало на таа тет-а-тет средба, на која Макрон му посочил дека е потребно да има нова методологија во преговорите, бидејќи повеќе не сакаат да примаат неподготвени членки.

Макрон му посочил дека новата методологија сакаат да ја усвојат до крајот на јануари, а не подоцна од март, но не дал јасен одговор за почетокот на преговорите.

-Не беше дециден за март и сега јас можам да погодувам, јавно да шпекулирам. Во првите 20 дена на март во Франција има локални избори. Тие во Франција за него се исклучително битни бидејќи неговото движење е релативно ново, нема локална структура, а мора да има добра локална структура ако сака да освои втор мандат, бидејќи таа логистика ќе му биде битна за вториот мандат и тој се обидува со добар успех на локалните избори да поврати дел од рејтингот кој беше нарушен со жолтите елеци, посочи Пендаровски.

Потсети дека на 26 март по фрацуските локални избори е закажан Совет на ЕУ, но напомена дека тука има и едно друго прашање, политичко. -Дали тие како ЕУ би сакале со таква политичка одлука ако методологијата е усвоена да ни дадат зелено светло среде нашата кампања за парламентарни избори. Има политички партии во рамки на Европската народна партија, најбројната парламентарна групација, кои можеби ќе речат дека не би сакале да ја оштетат нивната членка ВМРО-ДПМНЕ, истакна Пендаровски.

Со Макрон направил селфи, но вели не е негов стил да објавува селфи со високи функционери, но додава дека доколку одлуката за Македонија беше позитина и Макрон дадеше зелено светло, ќе ја објавел фотографијата.

Извор: Сител телевизија

Реклама
4NEWS.mk

Вечерва внимавајте на овие патни правци: Снег паѓа без престан во овие градови низ земјава!

Македонија

Јовановски: Дали јас сум добивал подароци од Камчеви? Рускоска: Поголеми подароци од 1,5 милиони евра јас не знам

4NEWS.mk

Најдобар газда на светот: На своите работници им подели 10 милиони долари, најмалиот бонус е 50.000

4NEWS.mk

Дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта?

4NEWS.mk

Шверцери во документарецот го споменуваат и Саздо: „Нека знаат со кој си имаат работа“

4NEWS.mk

Овие четири хороскопски знаци важат за најдобри сопруги, а мажите кои се во брак со нив се вистински среќници

Македонија

Снегот пристигна и во Македонија – Зимска идила во Нижеполе (ФОТО)

Македонија

ТВ21 АНКЕТА: Еве од услугите на која банка најмногу се задоволни корисниците

4NEWS.mk

Скопјанец прободен со нож и оставен на улица

4NEWS.mk

Застрелан познат црногорски бизнисмен во Белград: Тргувал со оружје и имал силни политички врски

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com