Од Нови сад , претседателот Пендаровски зборувајќи пред младите кои учествувале на Форумот на млади лидери испрати помалку скандалозна изјава дека дека и тој самиот би се отселил од Македонија.Изјавата наиде и на критика кај опозициската ВМРО дпмне , според кои Македонија нема повеќе време за чекање. Веднаш по оваа својата изјава реагираше и самиот Пендаровски според кого зборовите веднаш биле врамени во дневно партиско-политички пресметки, и тоа дека одговорноста е на сите политички водства, од независноста до денес. Вклучително и неговата. Еве што изјави Пендаровски
„Тие имаат само еден живот, сите ние имаме само еден живот и никој не е луд да го троши додека преговорите со Европската Унија траат со години, а притоа просечната плата во мојата земја е 400 евра. Да не сум претседател, и самиот би се отселил од својата земја“, вели Пендаровски.