Пендаровски: Сменивме име за датум за ЕУ, не сакаме сигнал, туку очекуваме одлука

Претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за австрискиот весник „Пресе“ изјави дека не се надева на сигнал, туку очекува одлука за добивање на датум за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија.

Како што вели тој, Македонија го сменила името за добивање на датум, а тоа ниту една друга држава не го направила.

-Не се надеваме на сигнал, очекуваме одлука. Во текот на изминатата година и пол, испорачавме сè што треба. Ние дури и го сменивме името по историскиот договор со Грција. Ниту една друга земја-кандидат досега не го сторила тоа. Ако ЕУ рече дека процесот на приближување е заснован на перформанси, тогаш не очекуваме повеќе или помалку отколку да се мери со тоа што сме го постигнале. Мојата порака е: Дајте ни шанса и да покажеме дека сме подготвени, изјави меѓудругото Пендаровски во интервјуто за „Пресе“.

Неколку часови пред денешниот министерски состанок во Луксембург, официјален Париз не ја открива својата позиција во однос на почетокот на преговорите за членството на Северна Македонија во ЕУ. Франција е против датум за Северна Македонија и Албанија, бидејќи прво бара промени внатре во Унијата. Поголемиот дел од земјите членки даваат поддршка на Северна Македонија за отпочнување на преговорите.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното