Пендаровски утре во Софија: Тет а тет средба со Румен Радев и Урсула фон дер Лајен, ќе го посети и местото каде трагично загинаа македонските граѓани

Претседателот на државата Стево Пендаровски утре е во посета на Софија каде што ќе присуствува на официјалното отворање на гасниот интерконектор Грција – Бугарија кој ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора.

Претседателот како што дознава 4NEWS.mk ќе има и тет-а-тет средба со бугарскиот претседател Румен Радев и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

На крајот претеседателот Пендаровски ќе го посети и местото на трагичната несреќа на автопатот Струма каде што пред речиси една година се запали автобус со туристи од Македонија кој се враќаше од екскуризија во Турција.

Посетата на Пендаровски е на еден ден пред парламентарните избори во Бугарија.

Инаку Интерконекторот е со вкупна должина од 182 km и технички капацитет од 3 bcm годишно со можност за зголемување на преносниот капацитет до 5 bcm годишно со изградба на компресорска станица на грчка територија која исто така би овозможила обратен проток.

IGB се развива во голема синергија со LNG терминалот во близина на грчкиот град Александрополис, кој треба да биде завршен до крајот на 2023 година. Со имплементацијата на терминалот, капацитетот на IGB може да забележи значително зголемување до 5 bcm/годишно, што дополнително ќе обезбеди независни испораки на енергија во регионот. Проектот ИГБ (Гасен интерконектор Грција-Бугарија) го спроведува заедничкото претпријатие ICGB AD, регистрирано во Бугарија во 2011 година, со акционери BEH EAD (50%) и IGI Poseidon (50%).

Акционерот IGI Poseidon е компанија, регистрирана во Грција, во која акционери се грчката државна гасна корпорација DEPA SA (50%) и италијанската енергетска групација Edison SpA (50%) (Едисон е фирма на француската државна компанија EDF).

Република Северна Македонија во овој момент е зависна само од еден извор на природен гас, и тоа ГАСПРОМ преку врската со Република Бугарија. Со изградбата на овој интерконектор се овозможува пристап до алтернативни извори на природен гас, како што се од Каспискиот регион, дополнително и од ЛНГ терминалите во Грција.

Овој интерконектор за нас има и дополнително значење бидејќи ќе ни овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чилен, Република Бугарија, преку кој може да набавуваме ЛНГ (Liquified Natural Gas) од терминалот во Александропулос, во текот на летото кога е поевтин и да го складираме во Бугарија, со можност да го користиме во зима кога е најпотребен.

Диверсификацијата на изворите со природен гас, треба да обезбеди сигурност во снабдувањето со природен гас во Република Северна Македонија на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со земјите од регионот.

Поврзани вести

spot_img

Најважното