Македонија

Пендаровски во посета на Србија – Вучиќ: Ние сме единствените кои немаат никакво барање до Македонија

Со високи почести претседателот Стево Пендаровски беше пречекан во Србија каде беше одржана тет-а-тет средба со претседателот Александар Вучиќ, а подоцна и пленарна средба која финишираше со прес конференција за медиумите.

Вучиќ потенцираше дека немаат Србија нема отворен прашања освен тоа со Косово и дека се единствена земја која нема никакви побарувања од Македонија. Вучиќ најави отворање на Културни центри во Скопје и Белград.

„Ние немаме кон Македонија и Македонците никакви барања. Ние сме најверојатно единствени кои ништо не бараме. Низ минатото ниту пак низ сегашноста. Единствено што бараме е тоа да добро работиме и убаво живееме едни кон други во иднина“, рече Вучиќ.

Пендаровски и Вучиќ разговарале на актуелни теми, меѓу кои и датумот за старт на преговори со ЕУ за Македонија и Србија. Пендаровски рече дека од Макрон не добил гаранции дека Македонија сигурно ќе биде дел од Европската унија.

„Претседателот Макрон не ми даде никаква гаранција и не може да ми даде гаранција за отворање на пристапните преговори затоа што вели прво мора да ја промениме методологијата, потоа следува политичка одлука, а во политичката одлука знаете секоја земја има еден глас и отворање преговори оди низ принципот на целосен консензус. Децидено вели во тој нон-пејпер дека не предвидува никаква замена за членството со државите од западен Балкан со било какво алтернативно решение“, рече Пендаровски.

Вучиќ беше дециден по прашањето за проширување на ЕУ. Рече дека Брисел не знае што сака со земјите од Западен Балкан. За време на разговорите во Ниш со Заев, Вучиќ му кажал на Заев дека нема да има датум за старт не преговори, но македонскиот премиер го убедувал Вучиќ дека тоа ќе се случи.

„Тато и мама од Европа ни велат: Дали гледаш какви проблеми прават тие во Скопје, дали гледаш какви проблеми прават во Белград. Срам да му е. И така ние се враќаме среќни дома дека сме го критикувале другиот и сме завршиле голема работа за нас. А тие со нас си играат како со кукла на поводник. Е тоа време ќе се заврши. Не сакам да слушан за никој и ништо лошо. Ќе им кажувам во лице се што мислам.
Околу иницијативата за формирање на Мал Шенген, Пендаровски рече дека сега работите се појасни од кога имаше само идеја за формирање. Некои земји сега сфатиле дека не се работи за алтернативна на ЕУ ниту пак формирање на нова Југославија“, рече Вучиќ.

„По почетното недоразбирање кај некого, за што всушност станува збор јасно е дека не станува збор за реставрација не некаква четврта Југославија. Јасно е дека не станува збор за алтернатива на ЕУ, туку станува збор за потребна иницијатива за регионално поврзување во економијата и трговијата кое има една единствена цел. За кус период, кревање на животниот стандард на сите наши народи“, изјави Пендаровски.

Средбата и разговорите продолжуваат вечерва на вечера меѓу Вучиќ и Пендаровски. А во текот на утрешниот ден македонскиот претседател ќе биде во Нови Сад каде ќе оставри средба со Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор како и учество на 4. Регионален младински форум – Претседателски панел „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците“.

ТВ21 во Белград, Јовица Пауноски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни