78-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција започна вчера со новиот филм на Педро Алмодовар „Madres Paralelas“, а Пенелопе Круз (47), а во градот на вода пристигна и музата на славниот режисер.

Убавата шпанска актерка дојде облечена во бел костим „Шанел“ од колекцијата Resort 2020, придружувана од Алмодовар. Костимот се состои од кратка јакна и мини исечено здолниште.
Носеше бела маичка под овој шармантен и ефективен костим, додека стајлингот го заокружи со бели ретро сандали со високи потпетици.
