Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Свет

Пентагон не може да ја потврди испораката на ирански ракети во Русија

Пентагон во вторникот соопшти дека засега нема информации за да ги потврди извештаите дека Иран и ветил  на Русија ракети земја-земја , заедно со повеќе беспилотни летала, пренесува Ројтерс.

„Немам никакви информации за да го потврдам тоа во овој момент“, рече портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер на прес-конференција.

Ројтерс објави дека договорот бил договорен на 6 октомври , кога првиот потпретседател на Иран Мохамад Мохбар, двајца високи функционери од моќната иранска Револуционерна гарда и официјален претставник на Врховниот совет за национална безбедност ја посетиле Москва на разговори со Русија за снабдувањето со оружје .

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни