Во петокот, Пентагон ја објави својата шеста серија документи поврзани со неидентификувани аномални појави (UAP), попознати како НЛО. Меѓу објавените материјали има десетици досиеја за воена програма која нарачала студии за „ворп“ погони (погон за искривување на простор-времето) и црвоточини, како и за мистериозни повреди што истражувачите ги поврзуваат со можни средби со непознати летала, пренесува CBS News.
Новиот пакет содржи 71 датотека: 67 од Министерството за одбрана и четири од локалната полиција во Колорадо. Колекцијата се состои од 55 PDF-документи, 15 видеа и една аудио снимка. Повеќето од документите – 64 од нив – се делумно цензурирани (со скриени делови) и датираат од периодот меѓу 1952 и 2025 година.
Најинтригантните досиеја се однесуваат на тајна воена иницијатива наречена „Програма за примена на напредни воздушно-вселенски системи за вооружување“ (AAWSAP). Програмата, која била покрената од Агенцијата за одбранбено разузнавање (DIA) во 2008 година со цел да се проучат разни идни воздушно-вселенски закани, завршила во 2012 година.
🇺🇸 Orb UFO Video Released By Pentagon – Moving 500mph 😱
— Interstellar (@InterstellarUAP) September 18, 2026
Incredible UFO Video from the latest drop 🛸👽
“Looks like a white round orb moving as fast as 500 miles per hour.”
Newly released official infrared footage from a 2025 US Central Command mission in the Middle East shows… pic.twitter.com/2dB2Bxjnh0
Во еден од документите се наведени целите на програмата и барањата за надворешните изведувачи: „Еден аспект од идните закани ја вклучува употребата на напредни воздушно-вселенски системи за вооружување.
Целта на оваа програма е да се разбере физиката и инженерството на овие системи во контекст на долгорочни надворешни закани, со поглед кон 2050 година. Примарен фокус се револуционерните технологии и примени што ги нарушуваат постоечките технолошки трендови.“
Објавениот материјал вклучува 37 таканаречени „Референтни документи за одбранбено разузнавање“ (DIRD), изработени во рамките на програмата AAWSAP. Овие документи опфаќаат теми како што се погони со искривување на просторот (warp drives), црвоточини, антигравитација, погон со негативна маса и технологија за невидливост.
Сите 37 документи се јавно достапни со години, вклучително и преку објавите на DIA (Агенцијата за одбранбено разузнавање) во согласност со Законот за слобода на информации. Сепак, верзиите објавени во петокот содржат детали што агенцијата претходно ги имала задржано за себе, како што се имињата на канцелариите што ги изработиле документите.
🇺🇸 The Pentagon just released its 6th batch of UFO files.
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) September 18, 2026
Among the goodies: footage of mysterious objects swarming over Utah in 1952 and paperwork showing the government once spent nearly $22 million investigating this stuff.
Imagine crossing 40 light-years to reach Earth only… pic.twitter.com/dvBZKVv4g4
Во придружните забелешки, Пентагон појаснува дека документите DIRD треба да се гледаат како „референтни и синтетички трудови, а не како оригинални истражувања“. Тие додаваат дека документите „не треба да се толкуваат како потврда за валидноста на опишаните концепти“.
Иако повеќето од овие документи се занимаваат со концепти од научната фантастика, еден од нив претставува високотехничка студија од 38 страници, изработена во 2010 година. Таа ги анализира „доказите за ненамерни повреди кај набљудувачи, предизвикани од аномални напредни воздушно-вселенски системи“.
Истражувачите го документирале случајот на три лица, претходно здрави и активни, кои доживеале „аномален воздушен настан“, опишан како „нерегуларен, невообичаен и неспоив со природата на нивната работа“.
Потоа, тие развиле низа медицински симптоми, вклучувајќи чувство на топлина, црвенило на кожата и опаѓање на косата. Кај едно лице биле забележани „знаци на радијациона болест“, како и „знаци на малигни промени кои се развиле во текот на неколку години“. Документот не го наведува конкретниот извор на изложеност што довел до симптомите, но напоменува дека трите лица биле „инженери за антени“. Авторот ги споредил овие случаи со 42 објавени и приближно 300 необјавени инциденти кои вклучувале повреди предизвикани од конвенционални радиофреквенции, каде што изворот на зрачење бил познат.
„Пријавени се доволен број инциденти и несреќи, а собрани се и доволно медицински податоци за да се поткрепи хипотезата дека веќе се распоредени одредени напредни системи – системи што САД не ги разбираат целосно“, заклучил авторот на студијата.
Повеќето од видеата во новото издание наликуваат на оние од претходните серии. Зрнестите снимки од воени камери прикажуваат необјаснети објекти кои се движат низ екранот со голема брзина. Еден необјаснет инцидент од 2022 година прикажува UAP (неидентификуван аномален феномен) кој се движи со променливи брзини, меѓу 130 и 290 километри на час.
Придружниот извештај за средбата открива дека операторите биле на мисија на Блискиот Исток кога забележале разни објекти на непознати височини. Екипажот пријавил дека објектите имале големина од еден до два метра и „летале спорадично во рамките на целната област“.
Друго видео, исто така снимено над Блискиот Исток, прикажува околу шест објекти кои летаат во формација. Извештајот ги опишува како „шест мали сферични објекти“ кои „вешто маневрирале“ и „често ја менувале насоката“. Инцидентот и понатаму се води како необјаснет.
Четири видеа потекнуваат од локалната полиција во Колорадо, која доставила извештаи до канцеларијата на Пентагон за истражување на UAP. Војската соопшти дека делумно заматените снимки биле направени со камери на мобилни телефони во октомври 2023 година.
„Службеникот што го поднел извештајот го опиша феноменот како ’тивок‘ и забележа дека тој емитувал ’трепкачки црвени, сини и зелени светла‘“, се вели во воените белешки што го придружуваат еден од клиповите.
Историските документи вклучуваат едночасовна аудио снимка и транскрипт од презентација од 1952 година на офицерот на Военото воздухопловство, Едвард Рупелт. На снимката, тој ја објаснува истрагата за инциденти со НЛО спроведена од војската. Во презентацијата, Рупелт открил дека околу 20 проценти од 800-те извештаи за НЛО истражени од Военото воздухопловство останале мистерија.
„Ги разгледавме тие извештаи и утврдивме дека околу 20 проценти од нив биле со висок квалитет, потекнувале од многу веродостојни луѓе и… едноставно е невозможно да се донесе каков било заклучок“, рече Рупелт. Подоцна, Рупелт го предводел „Проектот Сина книга“ (Project Blue Book), програма на Военото воздухопловство која ги истражувала НЛО во периодот од 1952 до 1969 година.
Денешното објавување вклучува и неколку други документи поврзани со тој проект. Во понеделникот, Пентагон исто така најави воведување законски исклучок што ќе им овозможи на сегашните и поранешните вработени, кои потпишале договори за доверливост, да споделуваат информации во врска со UAP со владата.